Posts

Немате Избор

Немате избор Се сеќавам на еден блед спомен од детството, кога бев малечок, бев гладен и ја чекав мајка ми да ми направи нешто за јадење. Мајка, како мајка, тоа и го направи. Ме викна во кујната и ме праша: -Сакаш марула или брокула? Се намуртив. И марулата и брокулата не ми се допаѓаа. Како да немаа вкус. Но, тоа беше она што ми го понуди мајка ми, и не гледав друг избор. Морав да го изберам повкусното невкусно.  -Марула. 15. Јули 2020 Да дојди странец денес во Македонија, ќе се вчудоневиди. Секаде се санираат улици, се поправаат кровови, фасади; се засадуваат цвеќиња, пребојадисуваат пешачки премини, и што не друго. Замисли! Држава каде што власта се грижи за својата држава. Се разбира, странецот би имал среќа што до шол пред 15. Јули, затоа што подоцна приказната би била различна. Но, што ако би дошол на 15. Јули? Би видел како милион и нешто народ избира меѓу марула и брокула. Зарем не е тоа нашата животна приказна? Цел наш живот присилени да избираме помеѓу м...

За Либертаријанизмот - Астрологија за мажи

Следново е мој одговор на фејсбук коментар, кој никогаш не го испратив. Го напишав, но се сетив од моите искуства како аматер-астроном дека не вреди да се караш со астролог. За Либертаријанизмот Што е либертаријанизмот? Накратко, либертаријанизмот е плод на површноста - кога ќе слушниш дека нешто има позитивни дејствија, и го прифатиш како догматичен бог - дека сѐ за него е позитивно и дека нема несакани ефекти. Кај либертаријанизмот е ова идејата за селекција , поточно за природна селекција, која либертаријанците ја гледаат како решение на секој проблем. Либертаријанизмот тргнува од едноставен принцип - натпревар помеѓу единки и здружени единки, како начин на достигнување сѐ подобро и подобро створение. Идејата е „погледнете ја природата што сѐ има постигнато со нејзиниот единствен принцип на природна селекција, колку комплексни и моќни суштестсва има создадено“ - ете и ние така ќе створиме напредни општества. За жал, тука завршуваат приказните кои либертарија...